Во присуство на владина делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Гевгелија е пуштена во употреба реконструираната Стара чаршија.
„Означивме завршување на реализацијата на проектот за реконструкција и реставрација на фасадите и партерно уредување на Старата чаршија во Гевгелија. Чаршијата претставува историски белег на градот и е дел од културата на гевгеличани. овој проект опфати повеќе фази: изградба на целосно нова подземна инфраструкура со изведба на нова атмосферска и фекална канализација и на нова водовона линија, со што беа обезбедени нови приклучоци за сите дуќани, беше заменета целата столарија, беа реставрирани и реконструирани фасадите, со задржување на некогашниот автентичен лик, извршено е поплочување на партерот со гранитни плочи и поставена е урбана опрема и модерно осветлување. Проектот беше реализиран со средства обезбедени од Владата, преку Министерството за култура и туризам. Верувам дека на ова прекрасно место моите сограѓани повторно ќе остваруваат средби, дека ова место ќе ги чува спомените од минатото и ќе ни биде нова туристичка атракција“, изјави градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.





























