Пример за општествена одговорност: “Витаминка” донираше 10 нови компјутери во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” (Фото)

СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп во текот на неговата долгогодишна работа остварува соработка со голем број компании. Особено значајна е соработката со компанијата АД Vitaminka која, како општествено одговорна компанија, секогаш излегува во пресрет на потребите и барањата од училиштето – информираат од Средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп.

Од училиштето се заблагодарија за најновата донација од “Витаминка”, која важи за пример за општествено одговорна компанија.

-Меѓусебната соработка вклучува професионална обука на наши ученици кои се дел од дуалното образование и потготовка за нивна интеграција на пазарот на трудот. Со тоа наидуваме на позитивна атмосфера во однос на вработување на дел од учениците како и континуирани донации на компјутери и техничко-технолошки помагала за потребите на нашето стручно училиште. Денес сме сведоци на нова донација од АД Витаминка на 10 нови компјутери за потребите на учениците – велат од училиштето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.