РЕДНО ВРЕМЕ БЕШЕ! Започна реконструкцијата на патот помеѓу Беловодица и Тројаци, воведен времен режим на сообраќај

На делницата Прилеп – Кавадарци, меѓу Беловодица и Тројаци, од денеска од 10 часот е воведен привремен режим на сообраќај поради градежни работи.

Возилата на овој дел од патот ќе се пропуштаат наизменично, во зависност од текот на работите. Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека изменетиот режим ќе важи до завршувањето на градежните активности.

На возачите им се препорачува да возат внимателно, да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.