Oпштина Битола ќе субвенционира дел од трошоците за чистење оџаци на домаќинствата

Општина Битола, со цел поттикнување на редовно одржување и чистење на оџаците во домаќинствата, намалување на емисиите на загадувачки материи во воздухот, спречување на појава на пожари и унапредување на безбедноста на домаќинствата, на жителите на Општина Битола ќе им субвенционира дел од трошоците за чистење на оџаците во домаќинствата.
Општина Битола ќе субвенционира дел од трошоците за чистење на оџак во домаќинствата, во фиксен износ до 1.500,00 денари по домаќинство.
Доколку фискалната сметка за извршената услуга изнесува помалку од 1.500,00 денари, Општината ќе го надомести износот во висина на износот наведен на фискалната сметка.
Јавниот повик ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“, од денот на неговото објавување 14.10.2026 година, заклучно со 06.11.2026 година, односно, до искористување на обезбедените финансиски средства.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.