Пример за колегијалност и пријателство! Работници од Босна со свои пари му купиле автомобил на својот колега кој не можел да си дозволи

Работниците од фирмата ТУрија од Бихаќ направиле необичен и вреден гест со тоа што на својот колега Сеад Хоџиќ за новогодишните празници му купиле автомобил ФИАТ Пунто.

Мухамед Селимовиќ, сопственик на оваа компанија, рекол за медиумите во Босна дека идејата дошла спонтано.

“Сеад се вработи пред година дена кај нас и навистина е вредно и златно момче. Пред еден месец положи за возачка, но проблемот е што немаше автомобил и секогаш се мачеше да дојде на работа, затоа што не живее баш блиску”, рекол Селимовиќ.

Сеад потекнувал од повеќечлено семејство со слаба материјална состојба и дека тоа што го заработува е единствено примање на неговото семејство.

“Навистина, автомобилот е половен, но е во многу добра состојба и се надевам дека ќе му служи добро”, рекол Селимовиќ.

“Кога дојдов на работа ме дочека целиот колектив и од почетокот не знаев за што се работи. Морав да одам со затворени очи, а кога ги отворив имаше што да видам. Ова е најубавиот новогодишен подарок што сум го добил”, рекол Сеад.

Тој додал дека ова е уште еден доказ за пријателството и колегијалноста која владее во оваа мала, но успешна приватна компанија.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.