Иницијативата „Мој Прилеп“ упатува јавен повик до сите граѓани кои сакаат да придонесат за почист, поуреден и поубав Прилеп да се приклучат на првата работна акција „Чистиме Џубрината #1“, која ќе се одржи во среда со почеток во 17:30 часот.
Акцијата ќе се реализира во паркот и детското игралиште зад зградите во населбата Бончејца, каде волонтерите заеднички ќе работат на расчистување и уредување на просторот, испраќајќи порака дека грижата за градот започнува од секој од нас.
Организаторите ги повикуваат сите кои се во можност да понесат мотика, гребло, тример, количка, работни ракавици или вреќи, бидејќи во моментов нема доволно опрема за сите учесници.
„Мој Прилеп“ ги охрабрува сите заинтересирани да ја поддржат иницијативата и да го потврдат своето присуство преку пријавата, со цел полесно да се организира акцијата и да се види колку граѓани ќе се приклучат.
Доколку сакате да дадете свој придонес за почиста и поубава околина, ова е можност заедно да покажеме дека со малку добра волја можеме да направиме голема разлика.
Пријавувањето можете да го направите преку следниот линк: https://shorturl.at/piP0k



























