Прилепчани не дочекаа за “Универзална”, ама сала “Македонија” ќе ја бидело, вели министерот за спорт

Министерот за спорт Борко Ристовски во опширен интервју разговор за ЕКИПА.мк, зборуваше на повеќе теми, меѓу кои клучни инфраструктурни спортски објекти кои се реализираат, или планираат да се реализираат во иднина.

На прилепчани болката со години им е тоа што при две големи спортски арени, ниту една не е во функција. Спортските екипи играат во училишни сали, кои често не се сооветни, или немаат доволно капацитет да ги примат сите оние кои сакаат да проследат спортски натпревар.

Ристовски при посета на Прилеп пред повеќе од две години, вети за скоро време ставање во употреба на Универзалната сала, но од тој зафат се’ уште нема ништо.

Сега тој ветува целосна реконструкција на спортската сала “Македонија”, на чиј концесионер неодамна му бил раскинат договорот.

-Проектот долгоочекуван со реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп, знаеме дека во овој град нема ниту една функционална сала… договорот со концесионерот е раскинат, таа сала ќе ја земе државата преку Министерството за спорт, ќе ја реконструира комплетно, тоа е еден сериозен проект од преку 150 милиони денари и Прилеп ќе добие една модерна сала што по реконструкцијата ќе ја предадеме на владеење на општина Прилеп, вели министерот Ристовски.

Целото интервју прочитајте на го на ЕКИПА.МК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.