Актуелниот голман на Шкендија, прилепчанецот Давор Талески, беше дополнително повикан од селекторот Милевски, за да го замени повредениот Столе Димитриевски.
28-годишниот голман од Прилеп, кој зад себе има богато искуство во повеќе домашни клубови, а еден период настапуваше и во Финска и Грција, сезонава е страндарден помеѓу стативите на клубот од Тетово, па останува да видиме дали Милевски го повика како замена на клупата, или ќе го видиме и на теренот.
За потсетување, Димитриевски заработи повреда на грбот за време на дуелот против Италија, а како причина се наведува лошиот терен на арената “Тодор Проески”.
Натпреварот Малта-Македонија се игра денеска со почеток од 20:45 часот, а нашата селекција го дочекува со четири освоени бодови во досегашниот тек на квалификациите.