Пред една година, Марко Марковиќ се пријавил на приватна академија. Поминал интервју, бил примен и му кажале дека ќе добие е-пошта со следните чекори. Пораката никогаш не стигнала. Никој не се јавил, никој не прашал. Ученик кој веќе бил примен едноставно се изгубил.
Од тоа искуство се роди Kept, бизнис-идејата на тројца млади: Марко Марковиќ и Виктор Стевананџија, ученици во СОУ „Ѓорче Петров“, и Дамјан Темелкоски ученик во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп.
Kept е асистент со вештачка интелигенција за приватни академии и школи за програмирање, јазици, дизајн, музика и слично. Кога некој ќе биде примен, Kept се грижи тој навистина да се запише и да остане. Проверува дали пораката стигнала и, ако не стигнала, ја праќа преку друг канал (WhatsApp, Viber, SMS). Одговара на прашања за цени и рати, па дури и му се јавува на ученикот, на неговиот јазик. Во текот на курсот забележува кога некој почнува да изостанува или да доцни со плаќањето и навреме го известува професорот. Работи на македонски, англиски и на секој друг јазик.
„Академиите вложуваат многу за да добијат ученик, а потоа го губат поради една пропуштена порака. Сакаме тоа никогаш повеќе да не се случи“, вели Марко.
Kept сега е меѓу 141-те најдобри идеи на натпреварот „Средношколец милионер“. Само 60 продолжуваат понатаму, а за тоа одлучува и јавното гласање, кое трае до 24 ноември.
Гласајте за Kept: (https://milioner.mk/vote/4f8b650b-20e6-4f96-b591-c6afa55aaf1e)
(Гласањето бара најава со е-пошта и трае помалку од 30 секунди.)
Или скенирајте го QR кодот на постерот во продолжение и ГЛАСАЈТЕ!































