Прилепски камион е хит низ Европа – го управува 25-годишна девојка, а со бојата ги освојува сите погледи (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Катарина Сечи од Нови Сад е една од ретките жени во Македонија и регионот што руши стереотипи и работи како професионален возач на камион.

25-годишната девојка веќе две години е шофер на шлепер во прилепската фирма “Енигма Транспорт” и е вистинска мотивација за сите припаднички од понежниот пол кои сакаат да се занимаваат со оваа професија.

И не е само тоа, Катарина освен голем шлепер, во слободно време вози и моторцикли, и тоа од оние со дебела кубикажа.

Пред извесно време Катарина, заедно со екипа од фирмата, беа поканети на четиридневно гостување во седиштето на Renault Truck, во Лион, Франција, каде го презедоа новиот розев убавец со кој ќе управува новосаѓанката.

Новиот другар на Катарина ја чекаше украсен со балони, а на него беше испишано и нејзиното име. Во разгледувањето на новото возило друштво на Катарина и’ правеше директорот на фабриката, кој и’ ги објасни сите перформанси.

Секоја чест за оваа инспиративна девојка, пред се’ за храброста, а потоа и за умешноста да се справува со толку големо возило. И’ посакуваме среќен пат, каде и да оди!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.