Прилепските легенди од “Бен Xyp” со нова песна и видео спот за сите нocталгичари: Cлyшнете ja “Беше дpyга Македониja” (Видео)

Штотуку е снимена најновата песна на прилепската група “Бен Хур” чиј наслов е „БЕШЕ ДРУГА МАКЕДОНИЈА“.

Авторот на музиката и текстот, вокалистот на групата Душко Темелкоски, е инспириран од денешните испревртени мерила за успех во однос на оние високи морални, етички, културолошки и спортски вредности, кои постоеа пред 90-тите години од минатиот век, во таа „друга“ Македонија.

Додека некогаш се дружеа и споделуваа реални радости дури и подалечните семејни роднини, денес со милион „пријатели“ на социјалните мрежи се „споделуваат“ многу „битни“ нешта, а речиси заборавивме на најблиските. Аранжманот и продукцијата на песната се на гитаристот на групата Борче Шабаноски.

За песната е снимен видео запис во пицеријата „Таверна“ во Прилеп, со оглед на нејзиниот ретро – амбиент. Успешно го изработи прилепската Фан продукција – Зоран Пилата, а со несебична поддршка на АД Витаминка.

По сугестија на Ранко Бубамара во видео спотот вметнати се стари фотографии и кратки видео инсерти кои го прикажуваат сјајот на тоа време преку незаборавни имиња од тоа време од светот на музиката, спортот, актерството, како и легендарните Дарко Панчев и групата Меморија кои се лајт мотив во рефренот.

Уживајте во продолжение:








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.