Во 2013 година прилепчани се израдуваа на веста дека нивниот град конечно ќе добие трговски центар од затворен тип, и наместо да одат дури до главниот град, ќе имаат свој објект.
Но и после 11 години “Сити Центар“ не го виде светлото на денот и наместо големи продавници со брендирана роба, во овој објект функционираат само дуќаните во приземјето, а внатрешноста полека го губи планираниот сјај.
Само мал дел од сопствениците на деловни простори прават напори да го одржат објектот и да го зачуваат од уништување. Некои од нив велат дека при голем дожд тече вода насекаде, па поради тоа плочките во ходниците се кренати, а уништена е и дел од инсталацијата.
Секоја чест за тие кои се трудат објктот да не пропадне целосно, а дали некогаш ќе дочекаме истиот да биде ставен во целосна употреба, останува времето да покаже.