Приведен прилепчанец кој агресивно се однесувал кон полициски службеници

Полициски службеници од ОВР Прилеп, на 02.05. околу полноќ, од слобода го лишиле Н.Н. од Прилеп, поради агресивно однесување.

Настанот во полицискиот билтен е забележан дека се случил на булеварот “Гоце Делчев”, кога при сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило “ауди” со прилепски регистарски ознаки.

Како што информираат од СВР Битола, возачот за време на контролата одбивал да постапи по наредбите на полицијата и упатувал навреди и закани кон службените лица.

По комплетирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.