Претпладнево сончево, попладне пороен дожд

Времето претпладнево беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните делови на земјава, каде ќе има услови за нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движеше во интервалот од 13 до 21, а највисоката дневна температура ќе достигне од 30 до 38 степени, а УВ индексот 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната 35 степени Целзиусови.

Од утре до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и со појава на град.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.