Преполна сала, мал буџет, пораз и надеж за поуспешна 2027 година

Прилепската сала во ООУ „Добре Јованоски“ синоќа беше исполнета со љубители на кошарката, кои дојдоа да му дадат поддршка на домашниот состав Мега баскет во дербито против Феникс 2010 од Скопје, во рамките на 8. коло од Првата лига – А-група.

Сепак, прилепските симпатизери не можеа да се радуваат на победа, откако гостинскиот тим славеше со убедливи 56:77.

Феникс 2010 го контролираше резултатот уште од самиот почеток на натпреварот, во неколку наврати стигнувајќи и до предност од дваесетина поени. Но, Мега баскет не се предаде и имаше свои добри периоди во кои успеваше да ја намали негативата и да се доближи до противникот.

Но, лидерот на табелата не дозволи изненадување, па после 8 одиграни кола Феникс останува прв со максимален учинок, а прилепски Мега баскет е на втората позиција со 6 победи и 2 порази.

Во наредното коло прилепчани му гостуваат на ИБА баскет..




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.