Младоста, талентот и љубовта кон музиката се спојуваат во една прекрасна приказна. Ви ја претставуваме Михаела Лажоска, 16-годишна девојка од Прилеп, која го направи својот прв значаен чекор на музичката сцена со својата прва песна, проследена со прекрасен музички спот.
Михаела е ученичка во втора година во Државното музичко училиште во Битола, класа соло пеење, каде што со многу труд, посветеност и љубов кон музиката го надградува својот талент.
Ова е нејзиниот прв музички проект, но веруваме дека е само почеток на едно убаво музичко патување исполнето со многу успеси, нови песни и остварени соништа.
На Михаела и посакуваме многу среќа и успех! Нека нејзиниот глас допре до срцата на публиката, а оваа прва песна биде само почеток на една блескава музичка кариера.
























