Прва и трета награда за прилепските гимназијалци од натпреварот по биологија на манифестацијата „Ноември – месец на науката-2026“

Во организација на Биолошкото друштво на Република Македонија за популаризација на природните науки, на 21.11, во ПМФ се организира натпревар на млади истражувачи, на кој се натпреваруваа ученици од целата држава меѓу кои и од Гимназија „Мирче Ацев“ oд Прилеп.

На натпреварот по биологија под менторство на професорката Марија Карбеска прилепските гимназијалци постигнаа одлични резултати:

Прва награда
Мила Вршкоска и Јована Тодороска

Трета награда
Ксенија Бачанов и Матеја Бардакоска

Науката започнува со љубопитност, а успесите доаѓаат со труд и посветеност!

Браво за учениците и нивниот ментор!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.