Пратеничка од СДСМ си мисли дека ја гушнал Зеленски…но, не го препознала

Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ на „Фејсбук“ се пофали дека се сретнала со „Олександар Турчинов, спикер на Врховната рада, кој воедно ја извршува првивремено и функцијата Претседател на Украина, во рамките на студиската посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг“.

Снеже го утна и името и функцијата, па самиот функционер под фотографијата ја подучи „драгата Снежана“ дека ниту е Олександар, ниту претседател на Украина.

Драга Снежана. Ми беше мило што се запознавме. Но, моето име е Руслан Стефанчук. Јас сум Спикер во украинскиот Парламент. Претседател на Украина е Володимир Зеленски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.