ЈП „Нискоградба“ набави нова градежна машина „HIDROMEK“, што претставува прва набавка на ваква нова машина за претпријатието по 15 години.
На денешната промоција на новата механизација, директорот на „Нискоградба“, Зоран Талевски, информираше дека, и покрај тешката енергетска криза, претпријатието продолжува со вложувања во осовременување на возниот парк и механизацијата.
Покрај новата градежна машина, променети се и две надградби на товарни возила „RENO Master“. Вкупната вредност на инвестициите изнесува околу 6 милиони денари.
На промоцијата присуствуваа претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорите на другите јавни претпријатија.
Од „Нискоградба“ посочуваат дека со набавката на новата машина се очекува зголемување на ефикасноста во работењето и подобрување на капацитетите на претпријатието.
Дополнително, како 100-ти купувач на машина „HIDROMEK“, „Нискоградба“ од компанијата „Синпекс“ доби и машина за миење возила, со која ќе се придонесе за одржување на повисоко ниво на хигиена на механизацијата.

























