Почнува јубилејното 45-то издание на фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”

На 5 и на 6 јули во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе се одржи јубилејното, 45-то издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. фестивалот почнува со работилницата на 1-ви јули за изучување на изворните песни и инструменти во Спомен-куќата на Пеце Атанасовски во Долнени.

Годинава, на јубилејното издание на Фестивалот ќе учествуваат околу 350 изведувачи на изворните инструменти, гајдата, кавалот, тапанот и на изворните песни од цела Македонија и учесници од Бугарија. Фестивалот на програмата го враќа традиционалното Дефиле на учесниците, низ улиците на Прилеп.

Според програмата, на семинарот за изучивање на изворните инструменти и песни кој од 1 до 5 јули ќе се одржи во Спомен-куѓата на Пеце Атанасовски во Долнени ќе учествуваат 13-ина млади, вњубеници во изворниот мелоис, а семинаропт ќе го води м-р, етнологот, Горан Василески. За разлика од досега, Семинарот ќе се одржува теренски. Ќе се посети работилница за изработка на изворните инструменти како и средините во Долнени и во Прилеп каде со векови се негувал изворниот мелос. Младите учесници и лани беа дел од Семинарот, на возраст од 12 до 15 години, а годинава ќе ги усовршуват знаењата и познавањата за богатиот изворен македонски фолклор.

Официјалното отворање на фестивалот е в петок, на 5. јули. Од 19 часот во центарот на Прилеп е традиционалното Дефиле на учесниците кои пред граѓаните ќе ги навестат Фестивалот и својата умешност во изучувањето и зачувувањето на изворниот мелос. Фестивалот свечено ќе биде отворен од 20 часот, што е и првата фестивалска вечер на летната сцена на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, каде пред вљубениците на изворниот мелос ќе се претстават дел од учесниците.

Вo сабота, на 7. јули, од 11 часот во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков’ во Прилеп ќе се одржи симпозиум со еминентни научни работници на тема „Фолклорот во минатото и денес“. Воедно, ќе биде промовиран и Зборникот на трудови на етнолози и научни работници за изворниот мелос.

Вo сабота, од 19 часот на Рудина кај Долнени е втората фестивалска вечер каде ќе настапат учесниците на ова, јубилејно издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. На крјаот, ќе бидат прогласени најдобрите и ќе биде врачена наградата за најдобар гајдаџија, гајдата на Пеце Атанасовски што ја доделува општина Долнени.

За сите заинтересирани за следењето на Фестивалот на Рудина кај Долнени е организиран бесплатен превоз. Тргнувањето е в сабота на 7 јули од 18 часот пред Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

– И на ова јубилејно издание на единствениот од ваков вид Фестивал во земјава ќе се потврди фактот дека улогата на Фестивалот е да го зачува, да го негува и да ја поттикне љубовта кај новите генерации за богатиот изворен македонски мелос, дел од богатото фолклорно културно наследство на Македонија, нагласува професор д-р Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот.

ДОЈДЕТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО ИЗВОРНАТА МУЗИКА И ПЕСНА КОИ ЌЕ ЈА РАЗГАЛАТ ДУШАТА.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.