Полска користи запленета вотка за дезинфекција против коронавирусот

Речиси 500.000 литри на запленета вотка за која не било платено акциза, наместо да биде уништена се користи за дезинфекција на објeкти, простории и возила во Полска.

Противпожарната единица во градчето Олштин во северо-источниот дел на Полска, добила 1.000 литрли, додека на три болници во градчето им биле доделени 2.500 литри.

Акцијата со дезинфекција со вотка ќе продолжи и во наредните денови, објави “Брисел Тајмс”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.