Политико дознава: Заев ќе признае бугарски темели на македонскиот идентитет и јазик

Бриселски Политико утринава, повикувајќи се на дипломатски извор, кусо објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков, како што се нарекува „бугарски компромис“, којшто ќе овозможи да почне првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија. И дека Бугарија се согласила на тој „компромис“.

– Што има во договорот? ‘Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија, и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик, пишува Политико.

На Твитер за ова се огласи и Карл Билт.

– Добрите вести се дека ЕУ дипломатите го деблокирале почетокот на пристапните преговори со Македонија. Како и секогаш, во регионот имало комплексни историски прашања за решавање, овојпат со Бугарија, напиша Билт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.