“Подолг огномет и повисоки смерки за вода добија прилепчани во 2019 година?” (Видео)

Oдбележувањето на 11-ти Октомври – Денот на народното востание, оваа година помина со невообичаен долг огномет и низа други манифестации.

Прилепчани традиционално излегоа во центарот на градот да ја проследат реконструкцијата на нападот на бугарскиот участок, настан со кој во 1941 година започнала долгата и пожртвувана борба за слобода против бугарскиот окупатор.

За 3 дена владеачката гарнитура од СДСМ во општина Прилеп ќе дојде на половина од нивниот мандат, па граѓаните деновиве коментираат на социјалните мрежи што во овој период добија Прилеп и прилепчани од нивното владеење.

Резултатите најдобро ќе се сумираат за две години кога одново ќе има локални избори, а заклучокот за сработеното во оваа 2019 година е еден – прилепчани добија повисоки сметки за вода (иако им беа ветени за 20% пониски) и, како што милуваат властите да кажат, “импозантен и спектакуларен” огномет.

Уживајте во продолжение:

А, еве и колку пари плаќаат прилепчани за потрошени 25 и 30 метри кубни вода месечно:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.