Победа ја прават “пуздер” и судиите? Недосуден пенал, тензичен натпревар и кавадарчани кои кршеа на Могила (Видео)

Во меч од 8-то коло на Втората лига-Исток кој во петокот се одигра на стадионот на Могилата во комшискиот дуел Победа и Тиквеш ги поделија бодовите играјќи 2-2.

Она што посебно треба да радува е фактот дека црвено-белите момци денес покажаа карактер во исклучлително значајниот меч за двата тима.

И со играч повеќе и со сите проблеми со кои се соочува клубот и со играч помалку не само што успеаа да израмнат од досудениот пенал врз Колевски кој го реализира Гешоски во 71-та минута(што е негов 4-ти овосезонски погодок), туку по слободниот удар, повторно врз Колевски, Благоја Наумоски со ефектен гол9, трет оваа сезона за него, од 20-тина метри во 89-тата минута од натпреварот и поведоа со 2-1.

При резултат 1-1 во 72-та минута веднаш по израмхнувањето, Гешоски промаши зицер биејќи, исто како и на мечот со Плачковица, со глава покрај противничкиот гол на задоволство на немоќниот Игески. Но за жал мал пад на концентрација и невнимание ги чинеше примен гол во судиското надополнување кога оставија неколку слободни гостински играчи на 2-та статива и му дозволија на Скендери да ја затресе мрежата на Иванов за конечни 2-2.

Длабоко во судиското надополнување убава прилика за ново водство на Победа на искористи и резервистот Каралиоски. Избраниците на Мегленски одиграа навистина квалитетен натпревар и треба да жалат што за борбеноста и залагањето не беа наградени со 3 бода против лидерот на табелата.

Од конечниот резултат многу повеќе треба да бидат задоволни гостите кои во судиското надополнување-во 94-тата минута се спасија од првиот првенствен пораз сезонава. Тие не ги оправдаа очекувањата и буквално се провлекоа спасувајќи се од пораз во мечот кој инаку го одбележа во најмала рака калкулантското и во поголерм негов дел тенденциозното судење на главниот судија Лековски од Битола. Им додели дури 8 жолти картони на фудбалерите на Победа а од игра го исклучи Дино Спиркоски, поради втор жолт картон во 55-тата минута.

За нееднаквиот критериум потврда е и недоделениот втор жолт картон за гостинскиот играч Јорданчо Наумоски во 65-тата минута за скоро идентичен старт, а во финишот во 94-тата минута наместо фаул за Победа врз Вецески досуди слободен удар за гостите од кој потоа се случи акција за израмнувачки гол на гостите.

Не досуди пенал за Победа во 40-тата минута од првиот дел по прекршокот врз Гешоски , а пропушти да го санкционира и Делов по фаулот со лакт врз младиот Давид Јошески во 54-тата минута, по кој младиот фудбалер на Победа мораше да го напушти натпреварот, а за што главниот судија не досуди ни фаул за Победа.

Арбитражата нека ја отценуваат надлежните од ФФМ, но факт е дека Победа и оваа сезона повторно е на тапет на судиите а наше е да укажуваме на ситуациите за кои сметаме дека клубот е онеправдан од страна на луѓето во црно кои треба да делат правда, но таа очигледно не е ееднаква за сите!

Треба да се каже и дека по израмнувањето на резултатот во 72-та минута се случи неколкуминутен – прекин кога гостинските навивачи почнаа со фрлање на предмети и бакљи на теренот. Изјава по натпреварот во записникот на делегатот Тихо Чурлинов од Гевгелија:

Во 72 минута имаше прекин од 5 минути поради уфрлање на бакљи од страна на гостинските навивачи кои на натпреварот пристигнаа по започнување на натпреварот и истите не биле најавени. Притоа инвервенираа органите на МВР при што се искршија голем број на столчиња за кои дополнително ќе се произнесам во извештајот.

Победа:Иванов, Д.Наумовски, Магловски, Дамески, Колевски, Вецески, Д.Спиркоски, Јошески (од 54 мин Каралиоски), Б. Наумоски, Митрески (од 87 мнин Петровски) и Гешоски(од 80 мин Ристески).

Видеото од недосудениот пенал за Победа погледнете го ТУКА








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.