Победа декласирана во Македонска Каменица

Во рамките од 12-то коло од Втората лига – Исток, Победа денеска гостуваше во Македонска Каменица кај Саса.

Домаќините славеа со 3:0 и ја симнаа Победа на второто место на табелата. Ова е втор овосезонски проаз за црвено-белите, кои останаа на 26 освоени бода.

Нов лидер на табелата е екипата на Слога од Виница, кои денеска триумфираа на домашен терен против Локомотива од Градско со 3:0.

Во наредното коло Победа на Градски во Прилеп ќе ја пречека токму Слога, дуел кој можеби ќе одлучува за првото место и директен пласман во Првата лига.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.