Пејач од Косово му ја ykpaде “Километри” на Лозано: Настапил на фестивал со песната (Видео)

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната „Километри“, еден од најголемите хитови на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Шаќири со песната на композиторите Лазар и Магдалена Цветковски се натпреварувал на најреномираниот албански фестивали во Албанија – „Kenga Magjike“.

За срамот да биде уште поголем за пејачот од Косово, е тоа што во описот на песната стои дека токму тој и извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера.

„Феномен“ е насловот на албанската песна и ѐ објавена на официјалниот канал на Јутјуб на фестивалот.

Слушнете ја „Феномен“ на Кораб Шаќири!

Направете споредба и слушнете ја оргиналната нумера на Лозано:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.