По Бишевац и Фрчкоски: ВМРО-ДПМНЕ има повисок рејтинг од СДСМ

Во синоќешното гостување во емисијата „Клан Дебата“ која се емитува на Клан Македонија ТВ, професорот Љубомир Фрчкоски говорејќи за настанатите состојби во државата како и за расположението во СДСМ за претстојните парламентарни избори, призна дека во СДСМ владее негативна енергија.

Ова го поткрепи и со тоа дека СДСН тие на анкети се со 2 до 3% позади ВМРО.

-Во мут се, во атмосфера се како што не дошле пак на власт, и една таква атмосфера лоша владее во таа смисла, што владата мора да ја совлада со серија на мерки, а како ќе успеат не знам. Тие стојат по анкетите два, два и пол до три проценти позади ВМРО сега, рече Фрчкоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.