“Печен” ли е за кpивична? Котева: “Директорот на градинки во Прилеп незаконски продолжува договори”

Додека светот е на прагот на голема економска криза, СДС се расфрла со ненаменско трошење на народните пари. Сведоци сме дека трошат за луксуз, и тоа во денови кога голем дел од Македонците стравуваат за своето работно место, се плашат дали имаат доволно финансиски средства да го поминат месецот, а голем дел, за жал останаа и без финансиски приходи. Истакна на прес конференција Снежана Котева, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„И додека секојдневно ги уверуваат вработените во администрацијата дека е неизбежно да им ги намалат платите и им прават ,,весела математика” како можат да преживеат со минимална плата, СДС прави и класичен поткуп на гласачи.

Поткупот не го реализираат само со делење на пакети со продукти без доказ за потеклото, туку и со склучување на договори на определено работно време.

Таков е случајот и во детските градинки „Наша иднина” во Прилеп. Сите знаеме дека градинките, заедно со училиштата не работат од 11.03.2020 год. поради пандемијата од Ковид-19.

Иако не работат, директорот Орце Тодоровски, им ги продолжи договорите на 40-тина вработени до крајот на 2020 година.

Јавно го прашуваме директорот на оваа јавна институција колку пари од џебот на родителите ќе потроши на овие вработувања?

Дали е свесен, дека со тоа прави груб прекршок на законите, затоа што смее да вработи најмногу 3 лица со договор на определено работно време?

Дали Тодороски е свесен дека со оваа постапка им дава лажна надеж на овие 40-тина лица, затоа што според нашите информации во градинките нема испразнети работни места?

Дали директоре не е безобразно и лудо од ваша страна да им ги празните џебовите на родителите за да ги платите партиските војници?

Директорот Орце Тодороски, заедно со градоначалникот Јованоски и Миле Талески, си поигруваат со судбината на овие луѓе, бидејќи нивните вработувања се спротивни на Законот. Ова е безобразлукот на СДСМ на кој навикнавме во изминатите 3 години!

Од една страна глумат загрижени хуманитарци и загрижени за економијата, а од друга страна печатат договори за вработувања во ек на пандемија“, истакна Котева.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.