Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествувале три возила што се случи вчера попладнето на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР за МИА.
Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, каде им се укажува медицинска помош.
-На 21.06.2026 од 15:45 часот на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп се случи сообраќајна незгода. Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп, наведуваат од МВР.
Поради сообраќајката сообраќајот се одвиваше наизменично по една сообраќајна лента.

























