-На 16.08.2026 во 20:30 часот во СВР Битола, А.С.С.(35), параглајдерист од Полска пријавил дека слетал на непознат терен над с.Стровија, долго пешачел, дека е изморен, но не и повреден. На 17.08.2026 околу 03.00 часот на непристапен терен на планината Даутица, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и од Полициската станица Прилеп го пронашле А.С.С. во добра здравствена состојба и е пренесен во местото каде престојува, информираат од МВР.
























