PR текст
Има работи што ги купуваме затоа што ни се допаѓаат. Има работи што ги планираме затоа што ни се потребни. А има и одлуки што ги носиме затоа што некој ни значи повеќе од сè.
Животното осигурување е токму таква одлука. Затоа што грижата за семејството не е само во тоа кој ќе подготви појадок, кој ќе ги земе децата од училиште или каде ќе одиме на следниот одмор. Грижата е и во тоа да размислиме што им обезбедуваме за утре.
ОБД Минт Инс – Најважните планови се оние што ги правиме заедно
Животот е полн со убави промени, но носи и ситуации што не можеме однапред да ги предвидиме. Животното осигурување е финансиска заштита за вас и вашите најблиски во случај на неочекувани животни настани, како смрт, трајна инвалидност или сериозно заболување, зависно од избраното покритие.
Тоа значи дека, наместо да ја оставиме иднината на случајноста, можеме да направиме чекор денес за нашето семејство да има дополнителна финансиска поддршка кога најмногу би му била потребна.
Бидејќи не можеме да знаеме што носи утрешниот ден. Но, можеме да направиме нешто денес за да го дочекаме поспокојно.
- За сигурност.
- За планирање.
- За иднината што ја замислувате за вашите најблиски.
Животно осигурување – Изберете го решението што ви одговара
Со животно осигурување преку ОБД Минт Инс, можете да изберете решение според вашите потреби.
- Индивидуално осигурување на живот со штедење – идеално за оние што сакаат финансиска заштита и долгорочна заштеда.
- Осигурување на живот со еднократна уплата на премија – за оние што сакаат едноставна и брза заштита.
- Детско осигурување со штедење – најубавиот подарок за иднината на вашето дете.
- Менаџерско осигурување на живот – решение за бизнис-лидери кои сакаат да ја заштитат својата иднина и своето семејство.
- Колективно осигурување во случај на смрт од болест – посебно за компании кои се грижат за своите вработени.Ризико СМАРТ осигурување – практично и едноставно решение за секојдневна сигурност.
- Инвестициско ризико осигурување на живот (UNIT LINK) – комбинација од заштита и инвестирање.
Тоа ти овозможува да не бараш „едно решение за сите“, туку да разговараш со стручни лица и да избереш опција која одговара на твоите потреби, планови и финансиски можности.
Мал чекор денес за поголема сигурност утре
Кога имате деца, иднината добива сосема поинакво значење. Сакате да им обезбедите најдобро образование. Да имаат можности. Да ги поддржите кога ќе ги изберат своите патишта. Да знаат дека секогаш имаат на кого да се потпрат.
Не можеме да знаеме што ќе донесе секој следен ден. Но можеме да планираме. Можеме да избереме да бидеме подготвени. Можеме да размислуваме за луѓето што ни значат и да направиме нешто конкретно за нивната финансиска сигурност.
И токму тука животното осигурување добива поинакво значење. Тоа е план за иднината,начин да ја претворите грижата во конкретна одлука.
За најважните луѓе во вашиот живот – ОБД Минт Инс
Семејната фотографија можеби ќе стои на полицата со години. Детските насмевки ќе се менуваат. Ќе дојдат нови одмори, нови домови, нови цели и нови поглавја.
Но едно нешто останува истом желбата луѓето што ги сакаме да бидат заштитени и безбедни. Со животно осигурување добиваш можност уште денес да направиш чекор кон поголема финансиска сигурност за нивното утре.
За нивното утре, почни од денес со животно осигурување преку ОБД Минт Инс.
Тимот на ОБД Минт Инс е достапен за консултација и помош при изборот на соодветното решение, на телефон 15 107, преку е-пошта [email protected] во една од нашите филијали.
























