Панчо Минов ги збуни кавадарчани. Сега е кандидат од СДСМ, МОЖЕЛО и така?

– Заев не го бива бе. Абе јас не му се давам него. Кичма ќе виткал, абе знае ли тој дека кавадарчани се peволуционерен народ, вака зборуваше Панчо Минов пред само неколку години, а сега се најде на пратеничката листа на СДСМ.

– Ние кавадарчани дијалектот не сакаме да го смениме, а не пак двојазичност да воведиме, со овие зборови од истото место Минов некогаш им се обраќаше на граѓаните.

Панчо Минов кој има направено повеќе трансфери од Златан Ибрахимовиќ, денес собра храбост повторно да излезе пред мал број кавадарчани и да ја бара нивната поддршка. Граѓаните збунети од она што го гледаат, не знаат како да изреагираат.

Што ќе му донесе дресот на СДСМ ќе видиме на 15ти јули, а ние да ве потсетиме на неговиот легендарен говор:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.