Павле Трајанов: Јас не поддржувам трансфер на пратеници и сум голем противник на политички пазарења

Лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов реагира на изјавата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која го нарече „последниот бастион на СДСМ“

„Во интерес на објективно информирање на јавноста, сакам да укажам дека јас сум претседател на Демократскиот сојуз, автентична политичка партија и моето дејствување, како и на партијата Демократски сојуз е во интерес на граѓаните и националните државни интереси.

Инаку мојот став е принципиелен и познат, не поддржувам трансфер на пратеници и не учествувам во никакви пазарења за ново парламентарно мнозинство или проширување на постојното.

Жалам што досега двете најголеми партии не можат да изградат заеднички став околу круцијалните државни интереси, вклучително и за евроинтеграциските процеси.

Во услови кога има сериозни сигнали дека наскоро ќе започнат преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ, најмалку ни е потребна политичка криза и нестабилност на државата.“ – вели Трајанов во писмена реакција




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.