Старата Победа, онаа која има две шампионски титули и играше со Парма и Перуџа во минатото, новата сезона ќе ја стартува од Четвртата општинска лига. Според нашите сознанија, клубот има нов сериозен инвеститор, кој има големи планови за Победа – да ја врати на старите патеки.
Засега не е познато кој ќе го носи дресот на Победа во новата сезона, ниту на кој терен ќе настапува клубот, но едно е сигурно Победа стартува на 20 септември против Корзо 2016. Ќе биде тоа градско дерби кое ќе побуди голема носталгија.
Следете не’ и информирајте се за сите новости.

























