Општина Битола преку буџетски форуми со граѓаните ќе го креира буџетот за 2027 година

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година.

Првата работна сесија од буџетскиот форум ќе се одржи на 19.10.2026 година со почеток во 12:00 часот во Офицерскиот дом.

Општина Битола, како Општина со висока транспарентност и интегритет ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество во работата на Форумот и да дадат свој придонес кон планирањето на општинскиот буџет за 2027 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.