ЈКП „Комуналец“ ги предупредува дуќанџиите и бизнис секторот дека отпадот не треба да се остава пред деловните објекти, на тротоарите, во текот на денот или ноќта.
Од претпријатието посочуваат дека на неколку наврати граѓаните и сопствениците на деловни објекти биле јавно повикувани, а дел од нив и лично посетени, со укажување дека отпадот треба самостојно да го одложуваат во најблискиот контејнер.
Во текот на наредната недела, од ЈКП „Комуналец“ најавуваат уште еднаш да достават лична информација до дуќанџиите и останатите субјекти за начинот на одлагање на отпадот.
Од претпријатието информираат дека доколку несоодветното одлагање продолжи, од месец ноември ќе следуваат пријави до Инспекторатот на локалната самоуправа.
























