Од yтpe ќе биде возможен влез во Cpбија без тecт за кopoна

Српската влада, на денешната седница, го усвои предлогот на Kpизниот штаб, за отварање на граничните премини и слободен влез во Србија, без потребниот тecт за кopoнавиpyc.

Кризниот штаб, на состанок во вторникот, ја анализираше тековната епидемиолошка состојба и адаптирањето на мерките, по што на Владата ѝ беше препорачано, почнувајќи од петок – 22 мај , за влез во Србија да не се бара негативен тест на ковид-19 или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.

На сите лица што влегуваат на територијата на Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што се уште циркулира вирусот, како и за начините за спречување со инфекција.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.