Одново скратено работното време на кафулињата и рестораните, излегување од дома после 21 часот само поради овие причини

Скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, е мерката што ја усвои денеска Владата на предлог на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на Koвид-19.

Оваа одлука за работното време важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а од неа се исклучени угостителските објекти на аеродромите во Скопје и во Охрид.

На владината седница донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор по 21 часот, како и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на државата после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.