(Видео) Бурната биографија на лидерот на “слободниот свет”: Oд напуштање на факултетот до Белата куќа

Доналд Џон Tpaмп е роден на 14 јуни 1946 година во Њујорк како четврто дете во семејството на Фред и Мери Ен Tpaмп. Тој има шут двајца браќа и една сестра. Од страната на неговиот татко води потекло од Германија, од каде е и неговиот дедо Фридрих кој емигрирал во САД во 1885 година, додека неговата мајка е од Шкотска. Доналд Tpaмп завршил воена академија во Корнвол, а потоа се се запишал на Фордам Универзитетот во Бронкс, кој го напуштил по 2 години и се префрлил во работната школа Вортон, Универзитет Пенсилванија, каде дипломирал во областа економија. Се посветил на семејниот бизнис и во 1974 година стапил на чело на Tpaмп Организацијата.

За време на 70-тите и 80-тите години, Tpaмп Организацијата се ширела и изградила голем број на луксузни хотели и стамбени објекти. Меѓутоа, економската криза во 90-тите години имала големо влијание, па голем број на фирми и објекти кои биле во сопственост на семејството Tpaмп биле затворени. Освен бизнисмен, Tpaмп е познат и по сопственото реалити шоу.

Тој има пет деца – три од првиот брак кој го склучил во 1977 година со Ивана Tpaмп, едно дете со поранешната сопруга Марлом и едно дете со Меланија Tpaмп.

За време на 80-тите години Tpaмп повеќе пати во јавноста говорел за потенцијално кандидирање за претседател. Често ги променувал своите политички погледи, а интересно е тоа што во еден период бил и отворен поддржувач на Демократската партија.

Во јуни 2015 година објави дека ќе се кандидира за претседател на претстојните американски избори, а официјалната номинација од Републиканската партија ја доби во јули 2016 година. Негова противкандидатка беше Хилари Клинтон.

Tpaмп ја понесе победата над Клинтон и во јануари 2017 година стана 45. американски претседател.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.