Нaучниците утврдија: Еве како ќе исчезне вирусот!

Секој човек кој е инфициран од коронавирусот обично ја пренесува заразата на други 5.7 луѓе, покажува математичката анализа на Националната лабораторија во Лос Аламос.

Таа бројка е двојно поголема од онаа што Светската здтавствена организација ја објави во февруари годинава, пренесува „Bloomberg“.

Со оглед на тоа што податоците сега се однесуваат само на епидемијата со ковид-19, истражувачите посочуваат дека пандемијата ќе биде тешко да се контролира на начинот кој го применуваат одредени држави во светот.

Како што прикажала студијата, за да се уништи вирусот, дури 82 отсто од светската популација би морала да стекне имунитет преку вакцинирање или преку прележување на заразата, наведува експертскиот тим од Лос Аламос.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.