Нутриционистка открива дали ајварот и зимницата се здрави – колку ајвар смеете да изедете

Дали кога го подготвувате зеленчукот за зимница се прашувате кои се предностите на киселата зелка, пиперките, доматите и другите намирници во однос на свежите? Или колку ајвар смеете да изедете во еден оброк, а да не претерате, затоа што сите знаеме колку е тешко да се одолее на зимницата? Колку калории има ајварот и дали е зимницата здрава одговори српската нутриционистка Бранка Мирковиќ.

Лут или благ, само од печените пиперки или со додаток на домати, често се случува ајварот брзо да се изеде, затоа што е одличен прилог во скоро секое јадење.

-Ајварот скоро и нема калории, така што со него не може да претерате. Тој нема многу нутритивни вредности, затоа што се прави од печени пиперки, кои потоа се пржат, па во овој процес пиперката ја губи сета своја вредност. Сепак, ајварот е одличен извор на влакна и е вистинска закуска со месо и разни други јадења, па и само со сирење, вели нутриционистката. Таа додава дека доколлку не го правите сами, секогаш е подобро да купите индустриски затоа што тој е контролиран, за разлика од оној кој се продава на пазар, а во кој не може да знаете колку конзерванси се ставени.

Нутриционистаката додава дека зеленчукот кој се користи за зимница термички се обработува, што доведува до губење на некои витамини, како што се Ц, Б и А, но и останати минерали, влакна и фитонутриенти кои се од голема важност за организмот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.