Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 58,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 60,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 50,5, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,184 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,938 денари.
Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалената референтна цена на банзинот на светскиот пазар за 2,37 отсо и на дизелот за 1,499 отсто во изнинатите седум дена, како и за 0,311 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот