Николоски: “Ќе освоиме најмалку 61 пратеник за да не трпиме уцени од никого”

Се надевам дека ќе добиеме поддршка од народот за да не трпиме никакви уцени и за да не зависиме од нечии лични или партиски интереси. Во однос на тоа дали ќе поканиме партнер во владата или не, тоа е сосема друго прашање кое можеме да го разговараме по завршување на изборите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

По следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада затоа што самостојно ќе освои над 61 пратеник и нема да трпи уцени од никого, вели потпретседателот на партијата, Александар Николоски, во „360 степени“ на ТВ Алсат, прашан дали партијата може да остане без партнер кај партиите на Албанците дури и да победи.

Тој рече дека во моментот бројките се такви што партијата е сѐ поблиску до самостојно освојување мнозинство во Собранието.

„Се надевам дека ќе добиеме поддршка од народот за да не трпиме никакви уцени и за да не зависиме од нечии лични или партиски интереси. Во однос на тоа дали ќе поканиме партнер во владата или не, тоа е сосема друго прашање кое можеме да го разговараме по завршување на изборите“, рече Николоски.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.