Необичните чувари на Кремљ: Внимаваат на културното наследство, но и ги бркаат непожелните

Во Кремљ живеат и „работат“ невообичаени чувари: бувот Фил и десетина јастреби.

Станува збор за специјално обучени птици кои го штитат културното наследство oд штетните птици, пишува “Russia beyond”.

Борбата против враните во Кремљ трае долго време. Најпрво не ги сакаа поради суеверието дека „црнилото“ кое лебди над Кремљ укажува на војна или глад. Подоцна, борбата против враните почна да се објаснува со попрактични аргументи: враните ги привлекува златото на куполите на црквата, чии лисја се лупат.

Испробани се различни начини на борба. Во времето на Ленин, со пушки се пукало врз птиците, но тоа ја попречувало работата на главниот идеолог. Потоа се започнале да применуваат помалку крвав начин, испуштајќи агресивни тонови. Ни тоа не успеало. Потоа, во 1973 година, тие основале орнитолошка служба во Кремљ и почнале да одгледуваат соколи. Тие биле заменети прво со јастреби, а потоа со бувови. Бувовите се природни непријатели на врани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.