Нема повеќе бугарски пасоши за Македонците?

Бугарската министерка за правда Цецка Цачева изјави дека на повеќе од 750 лица им е откажано издавањето уверение за бугарско потекло во последните година дена, коментирајќи ја акцијата на бугарското специјално обвинителство – oбјави порталот “Економски Лидер”.

Министерката Цачева вели дека фактот што има толку откажувања на уверенија за бугарско потекло потврдува дека има проблеми во Агенцијата за Бугарите во странство и најави измени на Законот за бугарско државјанство.

Харалампиев на оваа позиција бил предложен од бугарската партија ВМРО на Красимир Каракачанов. Обвинетиот Харалампиев е и лидер на граѓанското движење „БГ патриот”.

Пред неколку години во медиумите се појави фотографија на претседателот на Државната агенцијата за Бугарите во странство Петар Харалампиев со маица со натпис „Вермахт“ (Wehrmacht) – името на вооружените сили на нацистичка Германија во времето на Адолф Хитлер. Тогаш Харалампиев беше заштитен од лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.