Видеата кои следат подолу се ремек дело на фотографот Христијан Конески, а се инспирирани од убавините на Прилеп, од модерниот изглед на градот, како и од природните експонати, вулканските карпи на Маркови Кули, каде се одржува Болдеринг маратонот “Крали Марко”. Ќе видите навистина неверојатна птичја перспектива на градот, каде грандиозноста на градската Саат Кула најубаво доаѓа до белег.
Второто видео го пренесува целиот адреналин, позитивна енергија и возбудливост кој го крие болдерингот како спорт, а кој е во расцут во градот под Марковите Кули. Годинешниот маратон беше збогатен со дисциплина одење на јаже, па предизвика уште поголем интерес. Болдеринг маратонот е само еден дел од напорите на Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп да прерасне во центар на развој и негување на екстремните спортови во Р. Македонија.
Прилеп прерасна во модерен центар во инфраструктурен поглед и во поглед на негување на алтернативниот туризам. Градот живее нова епоха и препороден чекори напред.
А.Г.