И оваа година литија со моштите на патронот на Македонската православна црква во Крушево

Соопштение до верниците од црковниот храм Св. Никола од Крушево:

Благочестиви христијани, на 09.08.2026 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА,
Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

На Литијата ќе чиноначалствува Епископот дремвитски г. Давид во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован со бројно свештенство.

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.