📸Филип Ѓорѓиоски
Најпознатите прилепски рокери, THE HOUNDS го најавија концерот на кој ќе прослават полнолетство од своето формирање.
-Конечно полнолетни – 18 години Хаундс! На 12.08.2026 е роденденскиот концерт. Сите детали – наскоро. Луѓе, 18 години, зачувајте го датумот за нас, напишаа кратко од бендот на социјалните мрежи.
Изминатите години роденденскиот концерт на бендот беше едно од главните летни случувања во Прилеп, а не се сомневаме дека така ќе биде и оваа година.
Традиција стана The Hounds роденденот да го слават во Старата чаршија, а дали ќе биде така и оваа година, останува да видиме.























