Најдобрата академија за деца во светот отсега и во Прилеп: Родители пружете им го на вашите деца најдоброто! (Фото)

Brainobrain е иновативна меѓународна програма за развој на интелектуалните и животните вештини и способности кај децата од 4-14 години. Веќе 15 години успешно се спроведува во 41 земја во светот, а ја посетуваат повеќе од 2.000.000 деца. Прогласена е за најдобра детска академија во светот.

Во Прилеп франшизен центар за Браинобреин е eдукативниот центар “Bright kids”, а програмата ја водат лиценцирани бреинобреин едукатори, кои на интерактивен и забавен начин осигуруваат обука која се заснова на индивидуален пристап кон секое дете во групата.

Со гордост може да се пофалиме дека нашите Бреинобреин генијалци покажуваат видливи реултати во училиште, побрзо ја совладуваат материјата, им се олеснува процесот на учење, подобрување на помнењето и концентрација, зголемена самодоверба, визуелизација, математички вештини, а децата се издвојуваат како лидери.

Децата кои се дел од БОБ Прилеп учествуваа на националниот БРЕИНОБРЕИН ФЕСТ, кој беше организиран од БРЕИНОБРЕИН МАКЕДОНИЈА, каде имаше учесници од франшизните центри ширум нашата земја, а нашите генијалци покажаа исклучителни резултати и се здобија со медали и пехари.

Единаесет Бреинобреин ученици од нашата држава, кои учествуваа на Интернационален Бреинобреин натпревар во Дубаи, се стекнаа со престижни сертификати од “Гинис” (Сертификат за поставен ГИНИСОВ РЕКОРД за најголем одржан час по ментална аритметика). Во конкуренција од 3200 учесници, нашите Бреинобреин ученици од Охрид и Кочани, покрај сертификатот од “Гинис”, се стекнаа и со трофеи – највисока награда, на интернационалниот натпревар во Дубаи.

Нивниот успех може да послужи само како поттик за другите бреинобреиновци да постигнуваат поголеми успеси во иднина.

Што е бреинобреин и зошто бреинобреин децата се генијалци?

Целта на програмата е детето целосно да ја разбуди генијалноста и да постигне повеќе цели во животот користејќи ги максимално менталните способности.

Мисијата е децата да бидат самостојни и одговорни личности, кои со своето поведение ќе бидат лидери и модел за пример на другитe.

Користиме АБАКУС методологија, која е комбинација од Аритметика заедно со ВАК методите:

*Визуелно (гледање)
*Аудитивно (слушање)
*Кинестетички (допирање,опипување)

Тоа е докажано најефективна форма за учење и помнење, кога информациите се добиваат истовремено преку две или повеќе сетила (вид, слух, допир…). Со користењето на методата Абакус се создава врска меѓу левата и десната хемисфера на мозокот и се постигнува балансирање на двете хемисфери и искористување на целосниот мозочен потенцијал.

НЛП ги изучува процесите на мислење, комуникација и однесување. Го проучува начинот на кодирање на информацијата, што овозможува да се постигнат целите и саканите резултати.

Користењето на НЛП кај децата води до позитивно мислење, развој на самосвесност, мотивација за фокус на постигање на тешките цели. Со зголемување на информираноста за себеси и околината, тие стануваат самостојни во своите дејства и развиваат лидерски вештини.

Врз основа на долгогодишни истражувања од различни институции и агенции, кои се занимаваат со изучување на човечкиот мозок, е утврдено дека мозокот на децата се развиваа најбрзо и најефикасно во периодот од 4 до 14 годишна возраст. Во тој период, мозокот на детето лесно усвојува и обработува информации, поради што е важно да се започне со ментални вежби, ако е можно од најрана возраст и да се применуваат почесто. BRAINOBRAIN Програмата им дозволува на децата да ги користат истовремено и левата и десната половина од мозокот.

Нашиот мозок се состои од две хемисфери – лева и десна. Секоја хемисфера на мозокот е одговорна за одделна функција и способност. Левата хемисфера е одговорна за: рационалост, аналитички способности, логика, истражувачки способности, изучување на јазици, комуникациски вештини и др.

Десната хемисфера е одговорна за: визуелизација, креативност, творештво, интуиција, емоции, креативност, имагинација и др. Кај повеќето луѓе левата хемисфера е доминантна, што се должи главно на традиционалните методи на обучување, што води до нецелосен развој на десната хемисфера.

Повеќето проучувања за развојот на мозокот кај децата покажале дека има помала употреба на врските (синапсите на мозокот) мeѓу левата и десната хемисфера. Бреинобреин програмата е за истовремено активирање на двете страни на мозокот, зашто тогаш активноста и продуктивноста кај децата се зголемуваат и водат до успешни резултати.

Програмата е предвидена за деца со нормален умствен, физички и емотивен развој. Фокусот на програмата е целосен тренинг на мозокот и развој на личноста, стекнување животни вештини и способности, кои детето ќе ги користи во секоја академска област или дејност.

Ги покануваме сите кои сакаат да бидат дел од нашето големо БРЕИНОБРЕИН семејство да не контактираат и да закажат БЕСПЛАТЕН ЧАС.

Повеќе информации и контакт можете да најдете ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.