Научници од НАСА имаат докази за постоење на паралелен универзум во кој времето се движи наназад

Група на научници од НАСА кои работат на експеримент на Антарктикот тврдат дека детектирале паралелен универзум, каде правилата на физиката се спротивни од нашиот.

Концептот за паралелен универзум постои уште од 1960тите, главно во режисерите на филмовите со научна фантастика и комичарите, но сега преку експериментот за откривање на космички зраци тие сметаат дека откриле универзум, кој исто така настанал во “биг-бенгот”, пренесува Дејли Стар.

Научниците користеле огромен балон на кој била поставена антената на НАСА наречена АНИТА. Ладниот, сув воздух претставува идеална околина за ваков вид на експерименти, а овој дел од светот е “слободен” од радиобранови кои би можеле да предизвикуваат проблеми.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.